Германија понижена, деби со пораз за Михајловиќ

Од:

Репрезентацијата на Германија претрпе срамен пораз од Швајцарија со 5:3, во пријателски натпревар пред почетокот на Европското првенство во Полска и Украина.

Бундеслигашот Ерен Дердјок од Баер Леверкузен со три гола го предводеше Швајцарците, а по еден дадоа Лихтштајнер и Мехмеди. Хумелс, Шурле и Ројс беа стрелци за Германија, која дури трипати се најде во негатива од два гола и практично се спасуваше и од дебакл.

http://www.youtube.com/watch?v=HmawLgNDC5I

За разлика од Германија, Шпанија без половина селекција поради вчерашниот настап Барселона и Атлетик Билбао во Купот, Висенте Дел Боске искомбинира тим што ја победи подмладената селекција на Србија со 2:0.

На дебитио на Синиша МИхајловиќ, новиот селектор на „орлите“, Адријан и Санти Казорла од пенал во последната четвртина од мечот го победија српскиот состав еден од противниците на Македонија во квалификациите за СП во Бразил, кои почнуваат од септември.

http://www.youtube.com/watch?&v=wvxDAqNmL-I

Во останатите пријателски мечеви, Хулк сам ја победи Данска со 3:1 и им донесе триумф на Бразилците. Република Ирска со 1:0 ја победи БиХ, како и домаќинот на ЕП, Полска во дуелот со Словачка.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ