Гатузо сака да се врати во Ренџерс

Од:

Тренерот на OФИ од Крит Џенаро Гатузо денеска за англиските медиуми изјави дека би сакал да се врати во Ренџерс и да го пополни испразнетото место менаџер на шкотскиот тим.

Ренџерс се натпреварува во втората лига и од неодамна е без тренер откако го отпушти Али Мекојст, а како еден од кандидатите се споменува токму Гатузо.

– Мојата сопруга е од Глазгов, но главната причина зашто јас би го прифатил предизвикот да седнам на клупата на Ренџерс е тоа што овој клубот има голема. Сепак, приоритет не е моето семејство, туку работа и клубот кој е во моето срце. Играв во Ренџерс и сега сум заинтересиран да се вратам во Шкотска, истакна Гатузо.

Италијанецот кој за Ренџерс настапуваше сезоната 1997/98 во моментов е тренер на ОФИ, клуб со кого влезе во серија лоши резултати и понуди оставка, но навивачите на грчкиот клуб го наговорија да се премисли.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ