Шпанскиот ветеран Пау Гасол призна дека враќање во Европа не било на неговата агенда, а доколку се направи таков потег во еден момент, тој ќе игра само за еден тим – Барселона. 39-годишниот кошаркар потпиша со тимот на Портланд Трејлблејзерс, откако минатата сезона ја мина во Сан Антонио и Милвоки.
– Јас сериозно не ја разгледав опцијата за враќање во Европа. Мојата идеја секогаш беше да останам во НБА. Откако ги погледнав сите опции пред мене, дојдов до заклучок дека Портланд е најдобрата. Потпишав со тимот затоа што сметам дека во оваа фаза од мојата кариера, ова е најдоброто нешто за мене. Во Европа би играл само за Барселона, но немаше таква шанса ова лето, објасни постариот брат Гасол во интервју за „Марка“.
Гасол е двократен шампион во НБА, со над 1.100 натпревари во редовната сезона и уште 136 во плеј-офот.