Новиот тренер на Лион, Руди Гарсија се надева дека тимот повторно ќе се врати на победничките патеки и дека ќе успеа да стигне до место кое носи учество во плеј-офот од Лигата на шампионите.
– Лион е еден од најдобрите клубови во Франција и редовно игра во Лигата на шампионите. Сакам да останам во Лион долго време. Најважно е да се започне со победа веќе на следниот меч. Последниве месеци внимателно го следам францускиот фудбал, а исто така гледав и игри на Лион. Треба да се вратиме на победничкиот пат и да се искачиме на позиција што е поконзистентна со амбициите на Лион. Си зададов задача д аго однесам тимот во плеј-офот на ЛШ, изјави Гарсија.
Лион по девет кола во француската Лига 1 е на 14. место со само девет бода.
– Заврши четвртина од сезоната. Сите чекаат на победите на Лион. Овој тим има многу талентирани играчи и мора да го наметне својот фудбал. Ние мора да ја поседуваме топката и да ги диктираме нашите услови. Мојот тим мора да се движи повеќе. Имам намера да остварам разговор со секој играч за да го знам најдоброто за нив. Сè е во наши раце. Сакам да му помогнам на Лион да освои трофеи. Имам идеи и планови кои ќе се обидам да ги пренесам на играчите, оптимист е Гарсија.