Гарај во Баерн Минхен

Од:

27-годишниот дефанзивец на Бенфика Езекил Гарај веќе потпишал договор за 4 години со Баварците, а трансферната сума е 15 милиони евра.

Ова е за 5 милиони помалку од ослободувачката клаузула во договорот на играчот, но од Бенфика се согласиле да го отстапат поради фактот дека договорот на Гарај истекува по само година и постои опасност уште во текот на зимата тој да потпише прелиминарен договор со друг клуб и да си замине како слободен агент.

Веста е изненадувачка вест, бидејќи Гарај беше сметан за сигурно ново засилување на Зенит, но во последните денови преговорите меѓу шефовите на рускиот клуб и оние на Бенфика влегоа во ќорсокак. Тоа рашири бројни шпекулации, како онаа, дека Монако ќе се обиде да ја претекне конкуренцијата и да го привлече Аргентинецот.

Најбрзо сепак реагирале од Баерн. Во Минхен очекуваат од Гарај да го замени ветеранот Даниел ван Бујтен кој го напушти тимот. За стартното место поранешниот фудбалер на Реал Мадрид ќе се бори со Данте, Жером Боатенг и Холгер Бадштубер.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ