„Кариоките“ загубија од Хрватска во четврт-финалето, по изведувањето пенали, во кое главната ѕвезда Нејмар немаше време ниту да го изведе пеналот.
Екс-фудбалерот Нето беше критичен, можеби повеќе отколку што треба .
„Готово е! За ова е крив Тите. Тотален срам. Кучкиниот син не му дозволи на Нејмар да го изведе пеналот. Не дозволивте најдобриот изведувач на пенали во светот да шутира. Бесрамен човек“, рече Нето и додаде:
„Ти си идиот. Срам за функцијата тренер. Најлошиот тренер во историјата на бразилската фудбалска репрезентација. Не заслужуваш да си таму“.
Малку подоцна Тите објасни зошто Нејмар не го шутираше пеналот.
„Тој е петти изведувач, одлучувачки. Играч кој има квалитет и карактер да преземе одговорност под притисок“, се обиде да објасни Тите.
Тите се наврати на комплетното издание и не можеше да поверува дека Хрватска помина иако имаше само еден удар кон голот на Алисон.