Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд поради повреда ќе го пропушти утрешниот натпревар против Брајтон во Премиер лигата, соопшти денеска менаџерот на англискиот клуб, Пеп Гвардиола.
Халанд се повреди пред една недела на реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Реал. Тој поради повреда го пропушти и полуфиналето од ФА Купот против Челзи кое се играше во саботата.
„Ерлинг не е подготвен. Не е многу сериозно, но тој ќе мора да го пропушти натпреварот против Брајтон“, изјави Гвардиола, а пренесува официјалниот сајт на клубот.