Фудбалерките од Македонија подобри од Казахстан

Од:

Женската репрезентација на Македонија до 16 години славеше победа со 5:2 над Казахстан во рамките на првото коло од УЕФА развојниот турнир кој се одржува во Скопје.

Избраничките на селекторот Тоше Нацев одиграа одличен меч, особено во првото полувреме во кое успеајада постигнат четири погодоци. Головите беа дело на Рабија Дервиши, Димоска Теодора и Марија Белистојаноска (два). Противникот преку Низамутинова погоди за намалување на предноста на нашата селекција.

Во второто полувреме имаше по еден погодок во двете мрежи. Казахстан преку Адилканова погоди за 4:2. Конечните 5:2 ги постигна Теодора Димоска.

На турнирот учествуваат и Луксембург и Украина.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург