Фрапар: Нема разлика меѓу женскиот и машкиот фудбал, правилата се исти

Од:

Вечерва ќе бидеме сведоци на историски настан. За прв пат во историјата на фудбалот, една жена ќе биде судија на едно големо европско финале за мажи. Ова ќе биде случај за време на Суперкупот на Европа помеѓу Ливерпул и Челзи.

Сепак, Стефани Фрапар не е загрижена, изјавувајќи дека ова е натпревар како сите други и не се грижи дека играчите се машки, а не жени.

– За мене е исто, затоа што судењето е исто. Тоа е истата игра – фудбал, правилата се исти. Затоа ќе судам на ист начин како што правам во женската лига. Мораме да докажеме физички, психички и тактички дека нашите способности не сепоинакви од оние на мажите. Ние не сме полоши од мажите, вели судијката.

Таа потврди дека има промена во нејзиниот живот, откако овој натпревар и донел многу голема популарност. Таа сепак ја има делено правдата и на машки натпревари во Лига 1, откако стана првата жена во историјата со сличен подвиг.

Нејзини помошници вечерва ќе бидат Мануела Николоси, исто така од Франција, како и Ирецот Мишел О’Нил.

Би можело да ве интересира

ЖФК Љуботен Тетово и годинава со нови засилувања од Бразил

Ана Ололовска

Кадетките и младинките ги дознаа ривалите во фудбалската Лига на нации

А1он

Француска репрезентативка притворена за физички напад

А1он

Прв триумф на македонските фудбалерки во мундијалските квалификации

А1он

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

А1он

Изов го објави списокот на фудбалерки за квалификациските натпревари со Летонија и Луксембург