Фудбалската федерација на Франција поднесе жалба до ФИФА поради непризнатиот гол на Антоан Гризман против Тунис во последната минута од судиското надополнување во нивниот пораз (0:1) на Светското првенство во групата Д. Гризман постигна гол за 1:1 во последните моменти, но главниот судија на натпреварот по прегледувањето на ВАР снимката го поништи тој гол.
Тој процени дека францускиот напаѓач бил во офсајд во моментот на аутот на Орелиен Чуамени и дека со својата позиција влијаел на играта, иако Гризман стигна до ударот откако тунискиот дефанзивец се обиде со глава да ја расчисти ситуацијата.
„Се жалиме бидејќи според нас голот на Антоан Гризман е погрешно поништен“, соопшти Француската фудбалска федерација.
Ваквите жалби мора да се поднесат во рок од 24 часа по завршувањето на натпреварот. И покрај овој пораз, Франција го освои првото место во групата со шест бода, додека Тунис без разлика на победата е елиминиран од СП како третопласиран во групата со четири бода.
Извор: Топспорт