Франција, Хрватска, Германија и Летонија домаќини на Еуробаскет 2015

Од:

Четири земји, Франција, Хрватска, Германија и Летонија ќе бидат домаќини на Европско кошаркарско првенство во 2015 година, на кое завршницата ќе се игра во Франција.

Ова е одлуката на Бордот на ФИБА Европа на денешната работна средба одржана во Мадрид, каде во тек е Светското првенство.

Натпреварите од групната фаза ќе се играат во Монпелје (Франција), Загреб (Хрватска), Берлин (Германија) и Рига (Летонија).

Францускиот град Лил ќе биде домаќин и на нок-аут фазата, чии натпревари ќе се играат на фудбалски стадион со капацитет од 27.000 места.

Покрај овие четири земји своја апликација за организација на ЕП имаа поднесено и: Турција, Израел и Полска.

Европското кошаркарско првенство, на кое по пети пат (четврти во низа) ќе настапува и репрезентацијата на Македонија, ќе се одржува во периодот од 5 до 20 септември 2015 година. 

Би можело да ве интересира

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка