ФОТО: Бекам се прости од LA Galaxy со титула

Од:

Дејвид Бекам се прости од фудбалот во Северна Америка со нова титула – MLS шампион.

Во мечот од MLS купот, LA Galaxy повторно, како и минатата година го победи Houston Dynamo со резултат 3:1 (0:1).

Ѕвездата на англискиот и светски фудбал, најави и пред овој меч дека се простува од LA Galaxy и MLS.

Galaxy во последните четири години е доминантна сила во фудбалот на тлото на Северна Америка, и во секоја од годините освоил барем два трофеја.

[nggallery id=97]

„Секоја победа во финалето е важна и посебна, а оваа е дополнително поради тоа што ова е крај на мојот петгодишен престој во клубот и градот. Секогаш сум говорел дека ќе го испочитувам договорот што сум го потпишал до крај.

– Среќен сум што бев дел од овој клуб толку долго, особено поради сите успеси во последните четири сезони“, изјави Бекам по натправарот.

Бекам најави дека ќе бара нов клуб, а за него се заинтересирани десетина екипи од Европа и Азија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ