Флоријан Вирц стана најмладиот стрелец во Бундеслигата

Од:

Тинејџерот Флоријан Вирц од Баер (Леверкузен) стана најмладиот стрелец на гол во историјата на германсата фудбалска Бундеслига. На возраст од 17 години и 34 дена, младиот фудбалер постигна гол при домашниот пораз со 2:4 од шампионот Баерн, една минута пред крајот.

Вирц, кој е дете на Келн и беше привлечен на „БаиАрена“ во јануари, постигна гол по додавањето на Паулињо.

Така, членот на германската јуниорска репрезентација го подобри претходниот рекорд на Нури Шахин, кој во 2005 година постигна гол за Борусија (Дортмунд) во германската елита на возраст од 17 години и 82 дена.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ