Флик: Понекогаш фудбалот пишува убави приказни

Од:

Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик беше воодушевен по победата над Севиља со 2: 1, што им го донесе и Суперкупот на Европа на Баварците.

Тој рече дека понекогаш фудбалот пишува толку убави приказни како онаа на Чави Мартинез, кој го постигна победничкиот гол на натпреварот во продолженијата.

– Чави го постигна победничкиот гол. Понекогаш фудбалот пишува вакви приказни, а оваа е многу убава. Во средата имаше информација дека е пред трансфер во Атлетик Билбао, но Чави е тука, постигна гол и освои трофеј. Тој има менталитет на победник и тоа го докажа повторно против Севиља. Што се однесува до неговата иднина, ова не е најважно сега. Тој сам ќе одлучи, изјави Флик.

Самиот Мартинез додаде: „Отсекогаш сум давал сè на теренот за Баерн, а денес не беше ништо поразлично. Дури и да играм 10 или 15 минути, секогаш се трудам да му помогнам на тимот. Денес тоа го направив со гол и сакам да славам со соиграчите“.

Би можело да ве интересира

Хунтелар се врати во Шалке

Ана Ололовска

Озил: Не жалам што играв за Германија

Ана Ололовска

Ноjер прогласен за најдобар играч на Германија во 2020 година

Ана Ололовска

Прва победа на Шалке во Бундеслигата од јануари 2020

Ана Ололовска

Флик по поразот на Баерн: Самите сме виновни

Ана Ололовска

Гнабри се повреди на натпреварот против Мајнц

Ана Ололовска