ФК Љуботен Тетово примен во сојузот на најстари клубови во светот

Од:

Фудбалскиот клуб Љуботен од Тетово официјално е примен како член во сојузот „Клуб на Пионери“ (Club of Pioneers) во кој членуваат само најстарите екипи од секоја држава. ФК Љуботен е формиран на 28 март 1919 година и годинава одбележува 100 години постоење.

-Во нашите витрини од денес 9 мај се наоѓа официјална плакета за прием во Club of Pioneers и рамка со официјалните дресови во клупските бои на првиот фудбалски клуб во светот Шефилд од Англија и на нашиот тим, инфомираат од ФК Љуботен. Исто така, имаме и официјално видео обраќање и честитка по повод приемот за полноправен член на Љуботен од страна на Ричард Тимс, претседател на Шефилд ФЦ и основач на Клубот на Пионери, информираат од ФК Љуботен.

ФК Љуботен се натпреварува во трета македонска фудбалска лига-запад. Големиот јубилеј 100 години засега скромно го одбележаа само со еден пријателски натпревар. Тетовските фудбалери на 2 март гостуваа на ФК Раднички од Зрењанин (Србија) клуб кој исто така одбележува 100 години од постоењето. Од клубот велат дека за поголемо одбележување на големиот јубилеј ќе зависи од финансиските можности и институционална поддршка.

Историските податоци кажуваат дека ФК Љуботен е формиран како спортски фудбалски колектив во 1919 година од гимназијалците во Тетово. Највисоко достигнување на клубот е настапување во Првата македонска лига 1993 до 1996 година.

Би можело да ве интересира

Победи за Шкендија и Ренова на саботните дуели од 3. коло во ПМФЛ

Ана Ололовска

Квалификации за ЛШ: Силекс го доби шампионот на Азербејџан

А1он

Шкупи го претстави новиот тренер Ќатип Османи

Шкендија елиминиран во првото коло

ФФМ со осуда за говорот на омраза кон Алиоски: Омразата не игра на наш терен!

Татјана Ташкова

Комисија на ФФМ донесе одлуки за издавање лиценци