ФИФА ќе го казни Бејл затоа што одби да настапи за британскиот олимписки тим

Од:

Фудбалерот на лондонски „Тотенхем“ Гарет Бејл може да биде казнет од ФИФА затоа што одби да настапува за британскиот олимписки тим, но настапува за својот клуб на турнејата низ САД, соопшти светската фудбалска организација.

Бејл требаше да игра во составот на Велика Британија на олимпискиот турнир во фудбал, но тој се повлече уште пред да се вклучи во подготивките, оправдувајќи се дека е повреден и дека не ќе може да настапува за време на Игрите, меѓу 27 јули и 12 август. Но тој отпатува со „Тотенхем“ на летната, предпрвенствена турнеја и синоќа играше во Калифорнија, против екипата на „ЛА Галакси“, постигнувајќи и еден гол.

Настапот на Беил за својот клуб, предизвика гневна реакција во олимпискиот состав на Велика Британија, но за овој случај, се уште нема никаква реакција од англиската фудбалска асоцијација (ФА).

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер изјави за британските медиуми дека „Беил може да биде казнет на тој начин што ќе му биде забрането да игра за својот клуб, дури и на пријателски натпревари се додека траат Олимписките Игри“. Според првиот човек на „Куќата на фудбалот“ во Цирих, тоа се новите прописи на ФИФА, што ќе важат за Олимпијадата во Лондон и за Игрите во 2016 година во Рио де Женеиро.

„Услов за казнување на еден фудбалер е ФИФА да добие пријава од фудбалската асоцијација, што засега ја нема, ниту од ФА ниту од Олимпискиот состав“, рече Сеп Блатер.

„Тотенхем“ се обиде денеска да го одбрани својот играч, објаснувајќи дека тој бил повреден, но дека непосредно пред турнејата се пријавил дека ја санирал својата повреда.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ