ФИФА ја поништи победата на Белгија над Луксембург

Од:

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) ја поништи победата над Луксембург изразена со резултат 5:1, а остварена на 26 мај во Генк.

Во образложението за ваквата одлука на ФИФА се наведува пречекорување на дозволениот број на измени во текот на пријателскиот натпревар.

Белгискиот селектор Марк Вилмотс на тој дуел изврши седум замени, додека правилникот на ФИФА дозволува шест резервни фудбалери да влезат како замена на пријателски средби.

Правилото на ФИФА Вилмотс го прекрши во 77. минута кога ја направи седмата измена.

По оваа одлука на Белгија ќе и бидат избришани рејтинг-бодовите заработени по победата над Луксембург.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ