Европската кошаркарска федерација, ФИБА Европа, денеска го обелодени официјалното лого за Евробаскетот кој ќе се игра во 2021 година.
ЕП во 2021 година кое ќе биде 41-во по ред, ќе се одржи во Чешка, Грузија, Германија и Италија, а шанса за настап таму ќе има и македонската репрезентација, која ќе треба да освои едно од првите три места во квалификациската група со Италија, Русија и Естонија.
Логото на ЕП 2021 го дизајнираше лондонска агенција. Инспирацијата за логото е драмата, возбудата и очекувањата од првенството кое ги спојува фановите низ целиот континент, па и пошироко. Има и елементи кои симболизираат енергија.