Европската кошаркарска федерација (ФИБА Европа) објави дека в сабота ќе реши кој ќе биде домаќин на следното Европско првенство што ќе се одржи во 2017 година.
Бордот на ФИБА Европа, утре во Минхен ќе решава за домаќинот или домаќините на Еуробаскет 2017, а со тоа и начинот на организација на самото првенство.
Имено, постои голема веројатност првенството да биде организирано како и годинашното, кога Еуробаскет 2015 се одржуваше во четири земји. По презентациите на кандидатите Финска, Израел, Романија, Полска и Турција, челниците на европската кошарка, ќе треба да решат, дали шампионатот одново ќе се организира во повеќе земји или само една. Земјите кандидати, може да бидат организатор на целиот настан, домаќин само на групнате фаза или пак и на групната и завршната фаза.
Според програмата, Бордот на ФИБА Европа ќе заседава во претпладневните часови, а според објавеното, одлуката се очекува нешто по 12 часот.
Иако претходно беше планирано истовремено да се одржи и жрепката за квалификациите, сепак тоа нема да се случи викендов.