ФФМ поднесе кандидатура за организација на ЕУРО 2020

Од:

Фудбалската федерација на Македонија денеска официјално ја поднесе кандидатурата за организација на Европското фудбалско првенство 2020 година.

Како што соопшти ФФМ, континенталниот шампионат во 2020 година кога УЕФА одбележува 60 години од првото Европско првенство ќе го организираат 13 градови од стариот континент, а Скопје и Националната арена „Филип Втори“ е еден од потенцијалните домаќини на натпревари од групната фаза за ЕП 2020.

Одлуката на Европската фудбалска асоцијација кои 13 градови и стадиони ќе бидат домаќини на ЕП 2020, како што се наведува, треба да биде објавена во септември во Истанбул. Во периодот од мај до август годинава, пак, можно е УЕФА да ги посети градовите кандидати за да утврди каква е моменталната ситуација во нив и кои се плановите за инфраструктурно подобрување.

Фудбалската федерација на Македонија, воедно, изразува благодарност до Владата, градот Скопје, надлежните министерства и институции, како и до Националната арена „Филип Втори“ кои дадоа целосна поддршка за проектот – Скопје – град кандидат за ЕУРО 2020.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ