Фетел: Баерн е фаворит, но ќе победи Борусија

Од:

Трикратниот шампион во Формула 1, Германецот Себастијан Фетел, во пресрет на германското финале во Лигата на шампионите прогнозира победа на „милионерите“ од Дортмунд.

– На хартија фаворит за освојување на трофејот е Баерн, но мислам дека Борусија ќе победи како награда за вложениот труд и резултатите кои ги постигна со младиот состав изминативе неколку сезони, истакна Фетел.

Тој прогнозираше резултат 2:1 за Борусија.

Големото финале ќе се одржи на 25 мај во Лондон на „Вембли“.

Како вовед во завршницата од елитното натпреварување викендов во Дортмунд, двете екипи одиграа нерешено 1:1 во рамките на 32.коло од Бундес лигата.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026