Фернандеш изненаден откако Солскјер на прес соопшти дека го избрал за капитен на Јунајтед

Од:

Откако се повреди актуелниот капитен Хари Мегваер и во вторник нема да игра за Манчестер Јунајтед против Пари Сен Жермен во Лигата на шампионите, лентата ќе ја носи Бруно Фернандеш.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер ја објави својата одлука без претходно да се консултира со Португалецот.

Додека ја даваше својата редовна прес-конференција во Париз вечерва, тренерот го посочи Фернандеш, кој седеше до него и рече: „Капитенот е до мене. Тој ќе го води тимот утре“.

Бруно изненаден одговори: „Не го очекував ова и сега го дознавам. За мене, ова е голема чест, ова е важен успех во мојата кариера. Капитен е секој, затоа што секој мора да помогне и да биде лидер. Да се ​​биде лидер е различно за секој играч. Не станува збор за мене конкретно, туку за тимот како целина“.

Би можело да ве интересира

Мегваер ќе го пропушти натпреварот на својот тим против Ливерпул

Манчестер Јунајтед оствари рекорден приход во Премиер лигата

Санчо заминува од Манчестер

Предраг Петровиќ

Британски „Сан“: Манчестер Јунајтед во октомври официјално добива нов сопственик

Манчестер Јунајтед го продаде Еланга

Предраг Петровиќ

Манчестер јунајтед бара 60 милиони евра за Мегваер