Фени подобар од Куманово

Од:

Со натпреварот Фени Индустри – Куманово одигран синоќа во Кавадарци се комплетира 11.коло во Првата македонска кошаркарска лига. Победа на дербито со резултат 93:91 оствари екипата на Фени Индустри дури по продолжението, откако регуларниот дел заврши без победник 76:76.

Со 28 поени и 17 скокови, Бојан Трајковски беше најдобар поединец кај Фени Индустри, додека на Куманово не му помогнаа нити расположените Александар Костоски со 31 поен и Урош Луковиќ кој имаше „дабл-дабл“ учинок од 21 поени и 12 скокови.

Екипата на Лирија ја потврди фаворитската улога во дуелот со Струмица славејќи победа со 88:82.

Во победничкиот тим дури петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени, а предводници беа Диме Тасовски (17) и Балша Радуновиќ (15) кој заедно имаа учинок од 32 поени и 19 скокови.

Тони Грнчаров со 19 поени беше најдобар стрелец во поразената екипи, но и на натпреварот.

На натпреварите одиграни во петокот исто така победи забележаа домашните екипи.
Кожув беше подобар од Вардар со 82:62, а Работнички со 49 поени разлика (108:59) го победи Пелистер Спорт.

Табела: Кожув 20 бодови, Лирија 19, Фени Индустри 19, Куманово 17, Работнички 16, Струмица 16, Вардар 13 и Пелистер Спорт 12.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ