Фенербахче и Бамберг во ТОП 16 фазата од Евролигата

Од:

Во кошаркарската Евролига на програмата се натпреварите од последното 10.коло во групите од првата фаза, а по одигрувањето на средбите во групите А, Б и Д, последни кои обезбедија место во ТОП 16 се екипите на Фенербахче Улкер и Бамберг.

Македонскиот репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб со 19 поени го предводеше тимот на Фенербахче до триумфот во дуелот со Канту, директниот конкурент за четвртото место во групата А.

Во Д групата, Предраг Самарџиски со Литвос Ритас загубија на гостувањето кај Бешикташ со што го завршија својот настап сезонава.

Тоа му одеше во полза на германскиот претставник Бросе Баскет Бамберг кој дури во продолжението го совлада третиот конкурент за ТОП 16 од оваа група, тимот на Партизан.

Останува уште едно празно место кое ќе го пополни четвртопласираната екипа од групата Ц по вечерашното 10.коло.

Постигнати резултати: Фенербахче – Канту 77:69, Химки – Панатинаикос 78:77, Реал Мадрид – Унион Олимпија 91:60, Макаби – Алба Берлин 78:62, Уникаха – Елан Шалон 86:62, Монтепаски – Асеко 88:95, Барселона – ЦСКА Москва 75:78, Бешикташ – Литвос 66:65 и Бамберг – Партизан 92:90.

Табела А група: Реал Мадрид 7-3 (победи-порази), Химки 6-4, Панатинаикос 6-4 Фенербахче Улкер 5-5, Унион Олимпија 3-7, Канту 3-7.

Табела Б група: Макаби 8-2 (победи-порази), Уникаха 8-2, Монтепаски 5-5, Алба Берлин 4-6, Елан Шалон 3-7, Асеко Проком 2-8.

Табела Ц група: Жалгирис 7-2 (победи-порази), Олимпијакос 7-2, Анадолу Ефес 5-4, Каха Лаборал 3-6, Армани 3-6, и Цедевита 2-7.

Табела Д група: Барселона 9-1 (победи-порази), ЦСКА Москва 9-1, Бешикташ 5-5, Бамберг 3-7, Литвос Ритас 2-8, Партизан 2-8. ќ

Во ТОП 16 пласирани се: (А група) Реал Мадрид, Панатинаикос, Химки, Фенербахче; (Б група) Уникаха, Макаби, Монтепаски Сиена, Алба Берлин; (Ц група) Жалгирис, Олимпијакос, Ефес Анадолу; (Д група) Барселона, ЦСКА Москва, Бешикташ, Бамберг.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ