Федерер призна зошто му се восхитува на Лионел Меси

Од:

Ѕвездата на светскиот тенис, Роџер Федерер призна дека се восхитува на играта на Лионел Меси. Според Швајцарецот, напаѓачот на Барселона и Аргентина е најдобриот фудбалер во историјата на играта.

– Ми се допаѓа кога Меси ја добива топката, веднаш се свртува и потоа прави што сака. Тој е способен за се. Меси има избор: да даде пас, да надмине ривал, или да шутира. Секогаш има три варијанти. И тој може успешно да се справи со секоја од нив. Лео е еден од ретките фудбалери кои се способни за тоа, изјави Федерер, цитиран од „Фајненшл Тајмс“.

Тенисерот не за прв пат признава дека е фан на Аргентинецот. Пред неколку години тој го изјави следново: „Мислам дека тој е најдобриот играч во фудбалската историја. Сакам да ги следам неговите активности на теренот. Се надевам дека тој ќе успее да го освои Светското првенство со националниот тим“.

Би можело да ве интересира

„Тајм“ го прогласи аргентинскиот фудбалер Лионел Меси за спортист на годината

Горан Наумовски

Новиот, можеби последен, дуел меѓу Меси и Роналдо во февруари во Саудиска Арабија

Хјустон го победи Интер и го освои УС Опен Купот, Меси натпреварот го следеше од трибините

Телохранителот на Меси доби интересна бизнис понуда

Телохранителот на Меси има нова функција додека трае натпреварот

Меси: Интер Мајами може да го освои финалето на Лига купот