Федерер: Повлекувањето на Мареј ме потресе

Од:

Роџер Федерер призна дека неочекуваното повлекување од тенисот на Енди Мареј го шокирало и натажило поради фактот дека станува збор за решение на „неговото тело“, а не на самиот него.

– Тоа ме потресе. Се разбира, гледав дека Енди страда веќе некое време со својата физичка состојба. Би сакал секој да се повлече среќен. Проблемот е дека одлуката не е негова, тоа е одлука на неговото тело и природно тоа боли, изјави Маестро од Мелбурн, каде утре почнува првит за годинава Гренд-слем турнир – Австралија Опен.

Федерер зборуваше и за одличната кариера на Мареј.

– Тој го освои „Вимблдон“, Олимпијадата, стана бр.1. Дали тоа е лоша среќа? Не знам. Секогаш сум велел дека може да имате големи кариери, рамо до рамо со лошата среќа. Можеби од гледна точка на Австралија Опен, тој имаше лоша среќа, затоа што играше 5 финалиња тука и не победи ниту еднаш. Тој работеше исклучително цврсто и кога стигна до бр.1 или кога ги освои овие големи натпреварувања, тој целосно го заслужи тоа, смета Маестро, додадвајќи дека Мареј треба да биде многу горд на себе си и своите достигнувања.

Би можело да ве интересира

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски