Федерер постави нов рекорд, без дури и да излезе на теренот

Од:

Освојувачот на 20 Гренд-слем титули, Роџер Федерер, постигна уште еден извонреден рекорд, без да мора да се појави на теренот.

Оваа недела е 1.020-тата, во која Федерер ќе биде во топ 100 на светската ранг-листа. До сега, тој го делеше првото место по овој показател со легендата Андре Агаси, кој има 1.019 на своја сметка.

Федерер првпат влезе во најдобрите 100 во септември 1999 и оттогаш ги напушти само еднаш – во октомври истата година, кога падна на 104 место.

Во мај 2002 година, тој се проби во првите 10 по неговата титула во Хамбург, кога имаше 20 години. За прв пат Федерер стигна до врвот на светската АТП листа по неговиот триумф на Австралија Опен во 2004 година.

Оваа недела, Федерер е четврти на табелата, апред него се само Александар Зверев, Рафаел Надал и лидерот Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он