Федерер: Нема да биде исто по пензионирањето на „големата тројка“

Од:

Светскиот рекет бр.4, Роџер Федерер изјави дека тенисот ќе доживее големи промени кога ќе се пензионираат припадниците на „големата тројка“. Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал доминираат во последните десет години.

Швајцарецот, кој има 37 години, вели дека кога тројцата ќе се повлечат, ќе остават голема празнина зад себе.

– Кога тројцата ќе се повлечеме, нашите фанови ќе се најдат во вакум, вели Федерер.

Освојувачот на 20 Гренд-слем титули сепак верува дека „белиот спорт“ е во добри раце.

– За навивачите нема да биде исто, но знам дека ќе се појават нови ѕвезди. Во текот на годината имаме четири Гренд-слем турнири, по завршниот турнир, многу од оние големите, АТП листа … Некој ќе мора да биде шампион. Нашиот спорт е попопуларен од кога било и јас сум оптимист во врска со иднината, вели Маестро.

Роџер откри дека ќе продолжи да го следи тенисот и во пензија.

– Дефинитивно, беше неверојатно во последните 10 до 15 години за многу фанови кои уживаа да ме поддржуваат мене и Рафа. Играта е поголема од било кој играч кој постоел и се ќе биде во ред. И јас ќе продолжам да го следам одблиску тенисот кога ќе се пензионирам, заврши Федерер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он