Федерер: Бев просечен ученик

Од:

Роџер Федерер преку својата Фондација посветува големо внимание на децата и на образованието и младите. Неодамна во Кејп Таун одигра егзибициски меч со Рафаел Надал и целиот приход беше наменет за таа цел.

Федерер има освоено рекордни 20 гренд слем трофеи. Тој до 14-годишна возраст посетуваше настава во родниот Базел по што направи трансфер во националната развојна програма на Тенискиот сојуз на Швајцарија.

Деветолетка заврши на 16-годишна возраст, целосно се фокусира на тенисот и не заврши факултет.

– Од секогаш сакав да направам нешто за децата. Се решив за образование, што е најважна работа во животот, се разбира, со здравјето. Каков ученик бев? – Би рекол просечен, но секогаш се трудев на мој начин. Понекогаш ме заморуваа седењата и предавањата, па мораа да користат разни мотивациски трикови да го задржат моето внимание“, истакна меѓу другото Федерер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Федерер откри против кој тенисер имал најмногу проблеми

Предраг Петровиќ

Не ја препознаа: Драстична промена на Мирка Федерер

Предраг Петровиќ

Таткото на Федерер: Новак ни предизвика поголема болка од Рафа

„Врската“ меѓу Федерер и Новак влезе во нова фаза: По 12 години, Роџер го заследи Ѓоковиќ на социјалните мрежи

А1он

(ВИДЕО) Големиот Федерер се збогуваше: Емотивно, но во голем стил замина од тенисот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Инцидент во Лондон: Навивач истрча на теренот и се запали пред Ѓоковиќ, Надал и Федерер

А1он