ФА се извини за трагедијата на Хилбро во 1989 година

Од:

Фудбалскиот сојуз на Англија се извини денеска на градот Ливерпул и на семејствата на 96 навивачи кои настрадаа во трагедијата што се случи на 15 април 1989 година на стадионот Хилсбро на натпревар меѓу Ливерпул и Нотингем Форест.

Семејствата на жртвите вчера добија на увид тајни документи кои досега беа недостапни, а во кои се гледа дека главна причина за најголемата трагедија во историјата на англискиот фудбал е лошата полициска контрола при влез на навивачите на трибините.

– Длабоко жалиме заради таа трагедија која не смееше да се случи. Семејствата во изминатите 23 години имаа голема болка, а ФА научи лекција и оттогаш во фудбалот многу работи се променија – изјави Дејвид Бернштајн, претседател на ФА.

Во тајните документи се гледа дека полицијата се обидела вината да ја префрли на настраданите навивачи. Во извештајот на лорд Тејлор од 1990 година се вели дека главна причина за трагедијата е лошата полициска контрола при влез на навивачите на трибините. Сепак, тогаш е одлучено дека нема доволно докази за покренување истрага против надлежните од полицијата.

Семејствата на жртвите во следните денови во договор со адвокати ќе одлучат за следните чекори. Во име на Владата, вчера им се извини и премиерот Дејвид Камерон.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ