Европските поуспешни од американските репрезентации

Од:

Репрезентациите на Италија и на Шпанија со ист резултат од 2:1 ги совладаа селекциите на Мексико и на Уругвај во натпревари од 1.коло на Купот на конфедерации кој се одржува во Бразил.

Италија во рамките на групата А до првите три бодови стигна со головите на Андреа Пирло (го одигра 100.от репрезентативен натпревар) во 27.минута  и Марио Балотели во 78.минута. Голот за Мексиканците го постигна Хавиер Хернандес од пенал во 40.минута.

Во дуел од групата Б, Шпанија против Уругвај поведе во 20.минута преку Педро. Дванаесет минути подоцна Солдадо зголеми на 2:0, а кончените 2:1 ги постави Луис Суарез во 88.минута.

Вечерва од 21 часот се игра вториот дуел од 1.коло во Б групата. Двојката за овој меч е Нигерија – Тахити.

Табела А група: Бразил 3, Италија 3, Мексико 0, Јапонија 0.

Табела Б група: Шпанија 3, Нигерија 0 (натпревар помалку), Тахити 0 (натпревар помалку), Уругвај 0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ