Македонската женска репрезентација до 19 години денеска загуби од Шведска на првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Словачка 2016.
На стадионот „Борис Трајковски“ во Скопје, Швеѓанките славеа со 3:0 со головите на Елен Лефгвист во 41. капитенката Бјорн во 74.минута и Андреа Пирсон на две минути пред крајот.
На вториот натпревар од нашата група кој се играше на тренинг центарот „Петар Милошевски“, Црна Гора и Северна Ирска без победник 0:0.
Првите две репрезентации од групата обезбедуваат пласман во елитната фаза на квалификации.
Второто е закажано за в четврток. Двојките се:
Македонија – Северна Ирска,
Шведска – Црна Гора.