ЕВРО 2020: Енрике им се извини на навивачите за ремито со Шведска

Од:

Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација, Луис Енрике, им се извини на навивачите за ремито без голови со Шведска на натпреварот од 1. коло на Европското првенство, што се одигра синоќа во Севилја.

– Се сретнавме со тим кој реши да остане назад во одбраната, потпирајќи се исклучиво на топки од далечина. Сепак, морам да признаам дека Шведска можеше да победи. Ремито остави горчливи чувства и им се извинувам на навивачите. Оваа вечер моравме да победиме. Се обидуваме да создадеме шанси за гол, ги имаше доволно, но реализацијата не беше на ниво, го цитира Енрике официјалната веб-страница на УЕФА.

На другиот натпревар од групата Е, Словачка ја совлада Полска со 2:1.

Во следното коло, Шпанија ќе игра против Полска на 19 јуни, а Швеѓаните ќе се соочат со Словачка еден ден порано.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

УЕФА го објави идеалниот тим на ЕВРО 2020

Жарко Настоски

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

Секој италијански репрезентативец ќе добие по четврт милион евра за европската титула

Жарко Настоски

Саутгејт ќе размисли дали би прифатил нов договор

Жарко Настоски