Енрике со еден од најлошите стартови како селектор на Шпанија

Од:

Подеми и падови се двете етикети кои можат да го окарактеризираат досегашниот резултат на Луис Енрике на чело на фудбалската репрезентација на Шпанија.

По одличниот старт – три победи во три натпревари, „Фуријата“ прими по три гола од Англија и од Хрватска во последните две натпревари и доживеа порази.

Сега Шпанците треба да ја чекаат разврската на средбата меѓу „Трите лава“ и светскиот вицешампион, за да видат дали ќе играат на финалниот турнир на Лигата на нациите идната година, кој ќе го одреди првиот носител на трофејот во натпреварувањето.

Натпревари на Луис Енрике:

Англија – Шпанија 1:2 (Лига на нации)
Шпанија – Хрватска 6:0 (Лига на нации)
Велс – Шпанија 1:4 (контролна)
Шпанија – Англија 2:3 (Лига на нации)
Хрватска – Шпанија 3:2 (Лига на нации)

Овие резултати го прават поранешниот ас на Барселона еден од селекторите со најслаб почеток на чело на селекцијата. Енрике е во групата селектори со Рамон Габилондо, Хозе Луис Коста и Хозе Луис Ласпласас (по три победи и два порази во првите пет натпревари), како и со Висенте Миера и Педро Ескартин (две победи, два порази и едно реми).

Најлош старт како селектор има Миера, кој го презема тимот во 1991 година, а во седумте месеци на чело на репрезентацијата не успева да обезбеди пласман на Шпанија на Европското првенство во 1992 година во Шведска.

Шпански селектори со најлоши резултати во првите пет натпревари:

Висенте Миера – 2 победи, 2 порази и 1 реми (5: 6)
Педро Ескартин – 2 победи, 2 порази и 1 реми (7: 6)
Рамон Габилондо, Хозе Луис Коста и Хозе Луис Ласпласас – 3 победи и 2 порази
Луис Енрике – 3 победи и 2 порази

Енрике, исто така, има послаби резултати и во споредба со последните селектори на Шпанија. Хулен Лопетеги извојува четири победи и едно реми во првите пет натпревари, додека легендата Висенте Дел Боске со пет победи изгледа како недостижен и далечен сон.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска