„Елените“ ги прегазија Каваи и Клиперс

Од:

Кошаркарите на Милвоки не заборавија како Каваи Леонард и Торонто ги прегазија во Источното финале напролет, а кога крилото пристигна во Висконсин со својот нов тим, тие беа повеќе од подготвени.

Јанис Антетокумпо на својот 25-ти роденден забележа 27 поени и 11 скокови, а Крис Мидлтон постигна уште 17 за да им овозможи на Бакс да ги надминат Л.А. Клиперс со 119-91.

Тоа беше 14-та последователна победа за тимот, кој со биланс од 20-3 го дели првото место во Лигата со Л.А. Лејкерс. Домаќините доминираа од почеток, поведувајќи со 30-15, а по 35-19 во третата четвртина решија сè. Во еден момент разликата достигна 41 поен.

– Не можевме да најдеме подарок за Jaнис, па решивме да му го подариме натпреварот. Бевме едноставно ужасни, рече тренерот на тимот од Калифорнија, Док Риверс, чиј тим го испратија навивачите со скандирање: „Преценети!“.

Гостите постигнаа само 35% од шутот од игра и направија 21 грешка, што значеше дека не може да се надеваат на ништо позитивно. Сепак, со скор од 16-7, тие се на четвртото место во пласманот на Запад.

Други резултати:

Кливленд – Орландо 87:93
Детроит – Орландо 108: 101
Шарлот – Бруклин 104: 111
Мајами – Вашингтон 112: 103
Чикаго – Голден Стејт 98: 100
Оклахома Сити – Минесота 139:127 (прод.)
Бостон – Денвер 108:95
Сан Антонио – Сакраменто 105:104 (прод)
Портланд – Л.А. Лејкерс 113: 136.

Би можело да ве интересира

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба

ВИДЕО: Лејкерси продолжуваат да редат успеси по драматичната победа над Мемфис

Далас и Дончиќ газат, тешка повреда на Кемба Вокер