Ејдан Барли ја нарече церемонијата на отварањето на ОИ „левичарско ѓубре“

Од:

Британскиот пратеник Ејдан Барли од Конзервативната партија на премиерот Дејвид Камерон ја нарече церемонијата на свеченото отворање на Олимписките игри „левичарско ѓубре“.

На својата Твитер-страница овој ториевски пратеник вели дека лондонската церемонија е многу повеќе левичарска, отколку што тоа беше отворањето на Игрите во Пекинг пред четири години, иако се одржаа во комунистичка Кина.

На Барли му пречи значењето што режисерот на лондонската церемонија на отворањето му го има дадено на државното здравство (НХС), создадено по Втората светска војна од тогашната лабуристичка влада на Клемент Атли, па налутено забележува дека следното што режисерот ќе го прикаже ќе биде величањето и на социјалната помош.

Според овој конзервативен пратеник, претставата што ја направил режисерот Дани Бојл, во согласност со организацискиот комитет на Игрите, наликува на големите сценски слетови од нацистичко време.

Ејдан Барли е познат во британската јавност по сериозниот инцидент во кој беше вклучен во Франција во декември минатата година, кога присуствуваше на една приватна забава на негови пријатели од Велика Британија, на која гостите носеа нацистички униформи и се поздравуваа онака како што тоа се правеше во нацистичка Германија. Поради тоа тој беше сменет од функцијата приватен секретар на министрите во британскиот Парламент и за малку избегна да биде обвинет од француската полиција.

Даунинг стрит 10 денеска се огради од ваквото однесување на пратеникот, а претставник на ториевците ги отфрли неговите оценки за синоќешниот спектакл.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он