Одличните игри кои Џош Скот ги прикажува во последно време во дресот на МЗТ Скопје Аеродром добија кулминација со фантастичната партија во вчерашната победа против Крка поради која за првпат сезонава е избран за најкорисен играч на колото во АБА-лигата.
Американецот во дуелот со гостинот од Словенија реализира 24 поени заедно со 13 скока, што воедно му го донесе епитетот прв скокач на 22. коло од регионалното натпреварување.
Центарот на МЗТ Скопје Аеродром воедно, е и прв кошаркар на „сино-белите“ кој го добил ова признание откако претходно во неколку наврати беше дел од најдобрата петорка на рундата.
Скот собра 34 индекс поени на корисност, на второто место е Дејан Давидовац од ФМП 32, трет е Ричард Џејмс Рејнолдс од Будуќност со 25 инд.поени.