Џо Кол ново засилување за Астон Вила

Од:

Поранешниот англиски репрезентативец Џо Кол потпиша двегодишен со екипата на Астон Вила, соопшти клубот од Бирмингем.

Триесет и две годишниот напаѓач минатата сезона го носеше дресот на Вест Хем, а по истекот на договорот, како слободен играч минува во редовите на Астон Вила.
– Многу сум возбуден. Се набрзина се случи. Повикот од Астон Вила го добив пред седум дена, ми се виде привлечен и еве ме овде’, изјаво Кол за официјалниот веб сајт на клубот.

Вила е голем клуб со традиција и тоа е една од главните причини за моето доаѓање, додаде Кол кој за репрезентацијата на Англија има одиграно 56 натпревари и постигнато 10 голови.

Тој во својата кариера настапуваше и за екипите на Челзи, Ливерпул и францускиот Лил, а во својата ризница има три трофеи шампион на Англија, три пехари од ФА односно два од Лига купот на Англија.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ