Два натпревара од 5. коло во Суперлигата

Од:

 Две средби од петтото коло во кошаркарската Суперлига ќе се одржат вечерва, а последниот дуел е закажан за утре.

Шампионот и лидер на табелата МЗТ Скопје Аеродром против Лирија во СЦ „Борис Трајковски“ од 17 часот и 30 минути ќе ја брка петтата победа во обид да го задржи максималниот ефект.

Во Гевгелија, тимот на Кожув ќе го пречека Работнички. Домаќините ќе се борат за четвртиот триумф, додека Работнички ќе се обиде да го избегне третиот пораз.

Последната двојка за овој круг е Куманово – Струмица.

Табела: МЗТ Скопје Аеродром 4-0 (победи-порази), Кожув 3-1, Лирија 2-2, Работнички 2-2, Куманово 1-3 и Струмица 0-4.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ