Душан Боцевски е назначен за координатор на машките младински селекции на Македонија

Од:

Македонската кошаркарска федерација со соопштение објави дека Душан Боцевски е назначен за координатор на машките младински селекции на Македонија, што летово ќе настапат на четири Европски првенства.

Ангажирањето на поранешниот истакнат репрезентативец на Македонија и неговото богато интернационално искуство низ сите Европски купови, домашни и странски првенства, ја потврдува определбата на МКФ да се направи обид младинските селекции во догледно време да се пласираат во Првата дивизија на континенталните собири.

„Почестен сум од укажаната доверба на претседателот Петар Наумоски. Ќе сторам се барем некој од младите кошаркари да ги почувствува емоциите што ги имав како кошаркар и репрезентативец на Македонија“, изјави Душан Боцевски.

Би можело да ве интересира

Навивачки нереди во Црна Гора: Хулигани упаднаа на теренот за време на дербито и го прекинаа натпреварот

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ