Дурант станува неограничен слободен агент

Од:

Крилото на Голден Стејт, Кевин Дурант ја одбил опција за продолжување на договорот во вредност од 31.5 милиони долари и ќе стане неограничен слободен агент во НБА, соопштија од „ЕСПН“. Дурант, прогласен за „Најкорисен играч“ на финалето во 2017 и 2018 и „Најкорисен играч“ во Лигата во 2014-та, доби повреда на ахиловата тетива во втората четвртина на петтиот натпреварот од финалето во НБА претходно овој месец, а подоцна беше подложен на операција.

Триесет-годишниот кошаркар ќе ја пропушти сезоната 2019-20, за да се опорави целосно од тешката повреда и да ја поврати својата најдобра форма. Дурант имаше просек од 26.0 поени, 6.4 скока, 5.9 асистенции и 1.1 блокади на натпревар за „воините“ во минатата сезона, откако го подобри претставувањето во плеј-офот со 32.3 поени и 7.7 скока пред да заработи повреда на потколеницата која го остави надвор од игра за девет натпревари пред неговото кратко враќање против Торонто во финалето.

Иако повредата, се очекува Дурант да добие неколку понуди кога трансфер пазарот во НБА ќе отвори официјално оваа недела. Додека зделки може да бидат завршени порано, според правилата на НБА, нови договори не можат да бидат потпишани до 6 јули.

Би можело да ве интересира

Дејвис ќе паузира најмалку еден месец

Ол-стар натпреварот во Индијанаполис 2021 година може да не се одржи

А1он

Дејвис со 46 поени ги предводеше Лејкерс до триумф над Њу Орлеанс

Ленард: Навивачите што ме исвиркуваа всушност ме сакаат

Јокиќ со петти трипл-дабл сезонава, конечно победа за Вориорс

Поранешниот комесар на НБА е во критична состојба