Женскиот фудбалски клуб Драгон ја освои шампионската титула во македонското првенство без ниту еден изгубен бод.
Во импресивната сезона Драгон победи на сите 18 натпревари освојувајќи рекордни 54 бодови.
Шампионскиот трофеј на фудбалерките на Драгон им го предаде претседателот на комисијата за женски фудбал, Ивица Секуловски.