Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски, претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Живко Мукаетов, заедно со генералниот секретар, Филип Милошевски беа присутни на последниот тренинг на младинската репрезентација на Македонија (до 21 година) пред заминувањето за Доха и подготвителните средби со Катар пред настапот на Светското првенство.
Каевски, Мукаетов и Милошевски ги поздравија нашите млади ракометари и стручниот штаб, посакувајќи им успех во значајниот период кој им претстои.
Младинците вчеравечер го одработија последниот тренинг во Скопје, а денеска тргнуваат за Доха каде на 11 и 12 јули ќе одиграат две пријателски средби со домаќинот Катар, кои воедно претставуваат и последна подготовка за СП во Алжир.
Пред тренинзите во Скопје, избраниците на Иле Темелковски одработија физички подготовки во Маврово.
Младинската репрезентација на Македонија настапот на Светското првенство го почнува на 18 јули со дуел против Русија. Во групната фаза, нашите репрезентативци ќе се сретнат уште со Шпанија, Тунис, Бразил и Брукина Фасо. Четирите најдобро пласирани селекции од групата, го продолжуваат натпреварувањето во елиминациската фаза.