Диксон: Мора да ја победиме Македонија

Од:

Трите бода од натпреварот со Македонија се од витално значење, доколку Шкотска сака да остане во трката за пласман на Светското првенство во 2014 година, смета левиот бек на шкотската репрезентација Пол Диксон.

„Мислам дека ние трба да ги освоиме трите бода“, изјави Диксон за BBC.

Диксон за Шкотска дебитираше во саботата на мечот со Србија, откако по повредите на Фокс, Мартин и Мулггоу беше дополнително повикан во националниот тим.

Поранешниот дефанзивец на Данди Јунајтед, кој доби позитивни оцени за играта против Србија очекува тежок натпревар против македонската репрезентација.

„Во вторник нé очекува тежок меч. Македонија во Хрватска, против фаворитот во групата загуби само со 1:0. Ние ќе биидеме фокусирани на освојувањето на трите бода“, вели дефанзивецот.

Неговиот поранешен менаџер во Данди Јунајтед, сега асистент во репрезентацијата Питер Хјусотн уште мината недела најави дека освоени четири бода од првите две средби ќе биде добар почеток на квалификациите, Диксон се согласува со оваа констатација.

„Нерешено и победа, само не пораз. Треба да ги избегнуваме поразите и колку тоа почесто го правиме, толку ќе биде подобро за нас“, рече Диксон.

Левиот бек не се согласува дека Македонија, со оглед на тоа што својот меч го одигра во петокот е во подобра позиција од неговата репрезентација.

„Тие мораа од Хрватска да допатуваат во Шкотска, додека ние иако игравме во сабота цело време сме дома“, заврши Диксон.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ