Дешан: Докажавме дека Франција е сепак одличен тим

Од:

Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам го оцени настапот на неговиот тим на натпреварот од Лигата на нации против репрезентацијата на Португалија (1:0).

Французите си го обезбедија пласманот на завршниот турнир по оваа победа.

– Нашата победа е заслужена. Многу сме задоволни што ја остваривме целта и ја освоивме групата. Многу сум горд на моите фудбалери. Денес докажавме дека репрезентацијата на Франција е сепак одлична екипа. Со оглед на силата на нашиот противник, ова е убедливо еден од нашите најдобри натпревари во последно време. Многу сум среќен за тим кој покажа цврстина и ја докажа својата вредност, го цитира Дешам официјалната веб-страница на УЕФА.

На едно коло до крајот Франција го обезбеди првото место во Групата-3 со 13 бода, Португалија е втора со 10, Хрватска и Шведска имаат по 3 бода.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Македонските фудбалери од Бугарија го почнуваат походот по ново Европско првенство

Катерина Ѓуровски

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска