Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Од:

Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ќе го преземе Пари Сен-Жермен ова лето, изјави колумнистот на „RMC Sport“, Даниел Риоло. Според него, францускиот фудбалски стручњак веќе се договорил со ПСЖ.

– Дали сакате да зборувам за Зидан во Париз? Добро. Последниот датум за Зизу во ПСЖ е јуни 2022 година. Не исклучувам дека ќе работи таму заедно со Мбапе, изјави Риоло.

За потсетување, Риоло беше тој кој прв го најави трансферот на Лионел Меси од Барселона во ПСЖ.

Во моментов предводник на францускиот тим е Маурисио Покетино. ПСЖ е лидер во францускиот шампионат. Во осминафиналето од Лигата на шампионите парижаните ќе играат против Реал Мадрид.

Четириесет и деветгодишниот Зидан освои три титули во Лигата на шампионите во низа со Реал Мадрид пред да го напушти клубот. Во март 2019 година, тој се врати во „кралскиот клуб“ и го направи тимот повторно шампион на Шпанија следната сезона. Во мај 2021 година, Зидан го напушти Реал Мадрид.

Би можело да ве интересира

Пристигна пред само два месеци и не сака повеќе да игра за ПСЖ

Мбапе се врати во првиот тим на ПСЖ

Рокот што ПСЖ му го даде на Мбапе истекува денеска

Предраг Петровиќ

Сензација на повидок: Мбапе во Ливерпул

Предраг Петровиќ

ПСЖ го исфрли Мбапе од тимот и порача: „Килијан е на продажба“

Предраг Петровиќ

ПСЖ го направи првиот чекор за да го доведе Влаховиќ

Предраг Петровиќ