Дешам: Килијан Мбапе нема големо его!

Од:

Францускиот селектор, Дидие Дешам ги отфрла тврдењата дека неговата прва ѕвезда, Килијан Мбапе има „голем его“ и инсистира дека тој нема никакво влијание во неговиот избор на составот на „триколорите“.

Околу 23-годишниот Мбапе има голем број на тврдења дека има проблем со тоа што не трпи поголеми ѕвезди од себе, посебно во Пари Сен-Жермен, каде што доби фантастичен нов договор со големо влијание на одлуките на тимот. Но, Дешам најави дека може да го „ротира“ на мечот против Тунис и посочи дека тој го има авторитетот.

„Тој е физички подготвен и не треба да го менаџираме тоа, така што велите дека треба да го менаџирам неговото его? Што знаете за тоа? Јас знам, но вие не знаете. Килијан нема големо его, тоа не е вистина. Тој е клучен играч, но е тимски играч. Секако, несомнено сега е ѕвезда, нема веќе 18 години, туку има далеку поголемо искуство. Сака да игра утре, но нема да може да стартуваат сите. Можете да замислите колку фактори земам во предвид. И тоа е информација од прва рака“, вели Дешам.

Франција веќе има обезбедено пласман во осминафиналето по двете победи над Австралија и Данска, но сигурно ќе го заддржат првото место во групата Д ако го победат и Тунис. Мбапе, како и Коди Гакпо има постигнато три гола на Мундијалот.

Извор: Топспорт

Би можело да ве интересира

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Мароканците одлучија паричната награда од ФИФА да ја донираат за сиромашните сограѓани

Горан Наумовски

ВИДЕО: И Мароканците со фантастичен пречек во Рабат

Горан Наумовски

Мустафа Хаџи со лажна лиценца бил асистент тренер во репрезентацијата на Мароко

Горан Наумовски

Ѓоковиќ го пофали Катар за организацијата на Светското првенство: Еден од најдобрите фудбалски натпревари што сум ги гледал

А1он

Најефикасен Мундијал во историјата