Десет најбизарни олимписки дисциплини

Од:

Летната Олимпијада во Лондон почна и ќе трае се до 12 август. Многумина несомнено ќе следат различни натпреварувања, но она што нема да го видат се бизарните спортови кои некогаш биле дел од олимписките игри, денес веќе не – од двојбој со пиштоли до пливање со пречки.

Дванаесет часовна трка со велосипеди (1896)

Кој го вклучил овој натпревар во Олимпијадата, веројатно бил малку претерано ентузијастичен. Седумината велосипедисти тргнале во пет наутро и возеле до пет попладне. Од седум натпреварувачи четворица се откажале пред да дојде пладне, а победник бил Адолф Шмал од Австрија кој успеал да мине околу 288 километри.

Освен Шмал, само уште еден натпреварувач ја завршил трката, но изгубил бидејќи Австриецот на почетокот успеал да направи еден круг повеќе отколку останатите.

Качување по јаже (1896, 1904, 1906, 1924 и 1932)

Можеби ова натпреварување звучи преедноставно, но тоа е така само поради тоа што натпреварувањето навистина било премногу едноставно. Станува збор за качување по јаже, притоа користејќи ги само рацете. После неколку циклуси оваа олимписка дисциплина се преселила во воената обука и таму останала.

Стрелање гулаби (1900)

Убаво би било да станувало збор за глинени гулаби, но за жал и на срам на париската Олимпијата во 1900-та година повеќе од 300 вистински птици се убиени во оваа бизарна дисциплина. За среќа тоа бил прв и последен пат такво нешто да се случи – што не е премногу чудно со оглед на тоа што олимпискиот терен веројатно бил прекриен со мртви гулаби и крвави пердуви.

Пливање со пречки (1900)

Пливачите кои учествувале во пливањето со пречки морале да се качуваат па потоа да скокаат од чамец на чамец а потоа и да нукраат под чамците.

Целото натпреварување се одвивало на реката Сена па натпреварувачите освен едни против други морале да се борат и против речната струја. Станува збор за уште еден настан кој никогаш не се повторил.

Тегнење со јаже (1900 – 1920)

Уште едно натпреварување на кое местото повеќе му е на некоја ливада или во салата за физичко образование, отколку на олимпискиот терен, но предноста на влечењето јаже над останатите слични дицсиплини е што старите Грци го вовеле во оригиналните натпреварувања пред 2.500 години.

Во модерното тегнење јаже два тима од по осум натпреварувачи го тегнеле јажете се додека не успеале да ги повлечат противниците два метра кон себе. Ако после пет минути немало победник, тогаш натпреварувачите кои во тој момент успеале повеќе да го повлечат другиот тим кон себе, биле прогласувани за победници.

Би можело да ве интересира

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?

Јапонија пред договор со ИОК за организација на Олимпијадата во 2030 година

Ана Ололовска

Русија ќе се кандидира за домаќин на Летните олимписки игри 2036

А1он

САД објавија дипломатски бојкот на ЗОИ во Пекинг

А1он