Демолирана салата „Градски парк“

Од:

Големи штети во салата „Градски парк“ биле направени синоќа од страна на непознати сторители кои насилно влегле во кошаркарскиот храм.

При овој упад скршена е една од таблите на кошевите во кој натпреварите ги игра екипата на Работнички, а направени се и оштетување на паркетот на неколку места.

Вандализмот веднаш е пријавен во полиција од страна на управата на 14-кратниот шампион, која направила записник и ја почнала потрагата по вандалите.

Неофицијално, според првичните проценки, штетата што во текот на минатата ноќ била направена во „Градски парк“ изнесува околу 10.000 евра.

Управата на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив веднаш ангажирала работници за санирање на дупките и за промена на скршената табла со цел во предвидениот термин да може да се одигра вечерашниот дерби дуел против Куманово од 19 часот во рамките на 5. коло од Првата лига.

Би можело да ве интересира

Српските кошаркари против Литванија во финалето на Европското првенство во Ерусалим

Лекарот на српската репрезентацијата објасни зошто му е изваден бубрег на Симаниќ

Горан Наумовски

Летонските кошаркари направија изненадување и ја победија Шпанија на Мундобаскетот

Франција е елиминирана од Светското првенство во кошарка

Евролига: Макаби има нов центар

Предраг Петровиќ

Теодосиќ ќе го облече дресот на Црвена звезда

Предраг Петровиќ