Дебакл на Баерн, Реал е во финалето

Од:

Реал Мадрид, среде Минхен, го декласира Баерн Минхен со 4:0 и изброри пласман во финалето на Лигата на шампиони, во сезоната 2013/2014.

Реал ќе се бори за својата десетта титула во ова натпреварување против подобриот од тим од второто полуфинале во кое ќе играат Челзи и Атлетико Мадрид. Баерн со овој пораз се протсти од европската круна и од надежите дека ќе станат првата екипа по 20 години која ја одбранила титулата.

Реал на „Алијанц Арена“, примени иста тактика како и во првиот меч, иницијативата му ја препушти на Баерн, а своите шанси ги бараше преку контранападите. Покрај опасните противудари Реал на вој меч беше исклучително опасен и од прекините, секоја нафрлена топка пред голот на Нојер беше потенцијална опасност по голот на Баерн.

Баерн прв го шокира Серхио Рамос во 16.минута, шпанскиот репрезентативец по корнерот на Модриќ го постигна првиот гол.

Истиот играч, само четири минути подоцна одново ја замолкна „Алијанц Арена“, ценрашутот на Ди Марија тој го смести зад грбот на Нојер.

Во 35.минута напаѓачкиот ред на Реал изведе пеколен контранапад, Ди Марија го пронајде Бензема, кој на десната страна го исфрли Бејл, Велшанецот лесно го мина Алаба и му асистираше на Роналдо за третиот гол на Реал.

Во второто полувреме, тренерот на Бањрн, Пеп Гвардиола, спротивно на очекувањата не го засили притисокот, најверојатно плашејќи се дека ќе доживее катастрофален пораз.

Судбината на Баерн ја запечати Роналдо, од слободен удар во 90.минута.

Португалецот со двата гола во Минхен стана апсолутен рекордер според бројот на погодоци во една сезона во Лигата на шампиони, досега тој постигна 16 голови.

Инаку, Гвардиола го доживеа првиот пораз на домашен терен, по 14 одиграни натпревари во нокаут фазата во Лигата на шампиони. Од друга страна екипите кои ги предводел Карло Анчелоти никогаш не загубиле од Баерн, скорот на Италијанецот е шест победи и две нерешени.

Противник на Реал во финалето кое ќе се одигра на 24.мај во Лисабон, ќе биде подобриот од двомечот помеѓу Челзи и Атлетико Мадрид, првиот натпревар заврши со резултат 0:0.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ